СДСМ најавува покачување на платите од септември во одбраната, полицијата, образованието

by Fokus

„СДСМ како одговорна партија во изминативе години донесе важни законски решенија кои значеа повеќе пари кај граѓаните и грижа за нивниот економски стандард“, соопштуваат утрово од владејачката партија.

„Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари. Од истиот месец следува покачување на платите на вработените во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто“ , се наведува во соопштението од владејачката партија.

Од таму додаваат дека со новата методологија за усогласување на пензиите, следува и рекордно зголемување на пензиите за над 320.000 пензионери.

 

Поврзани новости