Вчерашниот таканаречен протест на земјоделците пред Владата не беше ништо освен партиски протест на ВМРО-ДПМНЕ, што ја докажува безидејноста и очајот во која е западната опозициската партија, изјави предмалку на прес-конференција од партиското седиште на СДСМ Зоран Атаносов.
-На вчерашниот партиски собир, недостасуваа вистински земјоделци. Наместо нив јавноста виде истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци. Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ. СДСМ секојдневно преку одговорно и домаќинско работење покажува вистинска грижа за граѓаните. Аграрните политики се на прав пат – рече Атанасов.
Тој додаде дека државата исплатила 195 милиони денари во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, кои директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.
-Дополнително, со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи. Владата донесе одлука за дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари за да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена. Со ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови земјоделаки производи – истакна Атанасов.
На тој начин, според него, финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари.