Ќерка на пратеничка и донатор на ВМРО-ДПМНЕ бара права за земјоделците на протест

by Фокус

„Јас лично не се занимавам со земјоделство, но моите дома да и излегов во знак на поддршка, зашто сме земјоделски крај…“.

Вака на вчерашниот протест на земјоделците говореше Пепица Честојнова, која се испостави дека е ќерка на републичка пратеничка и државен административец.

Имено, нејзината мајка е Павлинче Честојнова, актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во нејзиниот анкетен лист доставен до Антикорупциската комисија стои дека нејзиниот брачен другар поседува лозје со површина од 2,5 декари во селото Тремник. Станува збор за Богдан Честојнов, кој, според неговиот фејсбук-профил, работи во Министерството за одбрана.

Инаку, името на пратеничката Честојнова се наоѓа и вo списокот на донатори за претседателската кампања на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давдока, во кој стои дека таа донирала 150.000 денари.

„Земјоделците не бараат милостина, бараат само нивниот труд и мака да бидат платени! Поддршка за земјоделците, секогаш и секаде!“, напиша таа на фејсбук во однос на вчерашниот протест.

Поврзани новости