Фирмата на Колемишевски и Јаневи за канабис не поднела барање за лиценца, проектот е во почетна фаза

by Фокус

Кирил Колемишевски, заменик-министер за економија, поседува уддел во компанијата за одгледување на марихуана за медицински цели „М-6 ЕДЕН ГРИН“ формирана на почетокот на тековната 2019 година, чиј доминантен сопственик е друштвото „М-6 ЕДЕН“ во сопственост на семејството на бизнисменот Светозар Јаневски, објавува најновиот број на неделникот Фокус.

Од групацијата „М-6“ на Јаневски велат дека оваа компанија се уште не поднела барање за одобрение за вршење на дејност, бидејќи, како што посочуваат од таму, е во почетна фаза на анализи и планирање на идните активности.

„Со законските измени, одгледувањето на канабис за медицински цели станува потенцијален бизнис кој овозможува развој на домашната економија, но и отворање на нови работни места, што ќе придонесе за намалување на бројот на млади лица кои ја напуштаат земјава во потрага по подобри услови за живот“, велат од „М-6“.

Заменик-министерот Колемишевски, кој претходно работеше како адвокат, смета дека нема ништо спорно во однос на оваа соработка, иако владата чиј член е тој дава согласност за издавање на лиценца на компаниите, а според новиот закон, ќе избира директор на новата надлежна агенција и воедно ќе одобрува промена во сопственичката структура на компаниите.

-Соработката воопшто не е дискутабилна зашто што се одвивала во период каде сме соработувале на партнерска основа и воопшто не биле засегнати државните интереси, ниту пак сум имал можност да влијаам со мојата функција како адвокат. Оваа соработка во моментов е во мирување баш поради мојот моментален ангажман – вели тој.

Целата сторија во која се обработува оваа компанија, но и други фирми каде уддели поседуваат Колемишевски и Јаневи, прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости