СДСМ: На чија сметка летуваат Груевски и неговите придружници во Бодрум, Турција?

by Фокус

На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција? Дали луксузниот одмор на премиерот го плаќаат македонските граѓани и колку чини? Колку вкупно лица го придружуваат и кој го плаќа нивниот ангажан? На овие прашања денеска од владејачката партија одговори бараше опозицискиот СДСМ, како реакција на текстот на еден од провладините медиуми.

– ВМРО-ДПМНЕ сака да ги одбегне прашањата поврзани со луксузниот одмор на Никола Груевски во Турција, па измислува манипулативни текстови преку провладините медиуми. Која е основата некој друг да го плати одморот на премиерот и дали овој подарок е уредно пријавен од негова страна? На ВМРО-ДПМНЕ му смета, што на овие прашања власта нема одговори во исто време кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одморот го помина како голем број македонски граѓани, на сопствена сметка, во Грција – се наведува во писмената реакција од СДСМ.

 

 

Поврзани новости