Македонија треба да е горда на своите млади генерации – тие меѓу првите се одважија да му се спротивставаат на режимот на Никола Груевски, а денес тие се главен двигател на промените што ќе се случат по 11 декември, реагира СДСМ на изјавата на претседателот на УМС, Владимир Неловски, кој истакна дека младите ќе бидат предводник по победата на изборите.
– Младите на претстојните избори ќе го поразат проектот на ВМРО-ДПМНЕ за нивно отселување од Македонија. Нема млад човек во земјава кој нема некој близок, другар или другарка, отселен од земјава затоа што не добил вистинска шанса, затоа што се разочарал од партизацијата на државата и мафијашкото владеење на Никола Груевски и фамилијата. Коалицијата на СДСМ со граѓаните во која клучно место имаат младите граѓани ќе стави крај на овие погубни политики и конечно ќе им даде вистинска шанса на новите генерации да живеат и создаваат во својата Татковина – се наведува во партиското соопштение.