СДСМ: Мицкоски застана зад својот ментор Груевски, за него „27 април“ е само виц

by fokus

СДСМ излегоа со реакција по повод деншното сведочење за настаните од „27 април“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од СДСМ велат дека Мицкоски се однесува исто како Груевски, и дека за него случајот е само виц.

„Христијан Мицкоски, единствениот кој е на браникот на криминалот, денеска застана зад насилството од 27 април.

Мицкоски денеска застана зад својот ментор осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, првообвинет во судскиот случај „организатори на 27 април“.

Што навистина Мицкоски мисли за крвавиот четврток најдобро зборува тоа што денеска во судницата ширел хумор и како што тој вели „се обидел да биде вицкаст“

За Мицкоски насилството, обидот за убиство на пратеници и новинари е виц.

Ете тоа е Мицкоски, секогаш на браникот на насилството и криминалот, никогаш на страната на граѓаните.

Затоа доживува шест изборни порази за три години, затоа уште долго останува во опозиција.

Му порачуваме на Мицкоски дека ова е уште еден пораз за него, одговорност за сите за насилството на 27-ми април мора да има и ќе има, вклучително и за организаторите“, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости