Автомобилот кој се заби во локал е во сопственост на приватна поликлиника

by fokus

Од МВР споделуваат детали за несреќата што се случи утринава во Скопје, кога автомобил излета од патот и се заби во пицерија.

-На 25.12.2020 година околу 6,30 часот на булевар “ВМРО” во Скопје, Г.М.(61) од Крива Паланка управувајќи патничко моторно возило “пасат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна поликлиника од Скопје, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.

Поврзани новости