910
Со лажни партиски агенди, како што е наводната промена на партискиот Статут, Христијан Мицкоски неуспешно се обидува да го сокрие изборниот пораз, реагираат од СДСМ, по седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која Мицкоски беше овластен да преговара за парламентарно мнозинство и воедно беше донесена одлука за промена на партискиот статут.
„Ниту Мицкоски може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада. Мицкоски е поразен политичар, прочитана книга и од граѓаните, а се повеќе и од сопствените членови и поддржувачи“, реагираат од владејачката партија, додавајќи дека граѓаните на фер и демократски избори ги казниле политиките на Мицкоски.