СДСМ: Мицкоски нема програма

by fokus

Граѓаните вечерва слушнаа уште една потврда од неспособниот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема ниту план, но мислеле на методолијата, како што вели тој, реагираат од СДСМ на вечерашната изјава на Христијан Мицкоски во која побара предвремени парламентарни избори.

-Не поминуваат омразата и поделбите коишто ги шири антизападниот Мицкоски, граѓаните ги отфлија. Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Истовремено, не само што целосно е гарантирана соодветната употреба на македонскиот јазик како прв официјален јазик во Македонија туку сега е и меѓународно признат и ќе се употребува во НАТО и ЕУ. Тоа е вистински патрoитизам, потврден и признаен македонски идентитет и македонски јазик од цел свет. Мицкоски не успеа да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да го блокира напредокот и градењето на Македонија како еднакво општество на еднакви граѓани. Македонија оди напред во НАТО и ЕУ како едно општество за сите. Мицкоски го чека пораз на следните претседателските избори, го чека пораз на било какви избори, порачаа од СДСМ.

Поврзани новости