СДСМ: Мицкоски наместо да се крие да каже кој е неговиот интерес од фирмата на неговиот баџанак

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, продолжува со креирање на измислени и непостоечки случаи, реагираат од СДСМ.

„Јавноста сеуште чека одговори од  Христијан Мицкоски за фирмата на неговиот баџанак. Наместо да се крие Мицкоски да каже кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев , „Дано Транс ЕООД“.

Мицкоски да каже и за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Васил Пишев кои имаат фирми во Бугарија, отворени исто така  во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Колку повеќе се приближува датумот на престојните претседателски избори, толку повеќе расте нервозата кај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Во отсуство на идеја, програма и план, немајќи што да понуди на граѓаните, Мицкоски го тера неговото познато сценарио на креирање лажни вести“, велат од СДСМ.

Поврзани новости