Заев: Со Ципрас ќе разговарам за преку 30 прашања, постои желба и љубов од двете страни за средбата

by fokus

Ќе разговараме за преку 30 прашања од сите области важни за двете земји – Република Грција и Република Северна Македонија, особено за економските, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Прилеп во врска со тоа што ќе биде во фокусот на разговорите при официјалната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, најавена за во вторник.

– Прашањата се многу, преку 30. Некои земји кои ја испуштиле соработката, сега сакаат сѐ. Драго ми е што постои голема желба и љубов од двете страни за средбата. Се отвораат прашања, само треба да провериме колку имаме капацитет за некои да ги реализираме, истакна Заев.

Во фокусот на разговорите се економијата, енергетиката, културата, здравството, образованието, социјалната заштита…

Премиерот најави одржување состанок со стопанските комори на двете земји и со претставниците на бизнисот, бидејќи, како што рече сите граѓани во двете земји очекуваат економски придобивки од Договорот од Преспа.

-Ова е прва официјална посета на еден премиер на Грција и верувам дека ќе бидеме задоволни од перспективите што се отвораат од оваа посета, изјави Заев.

Поврзани новости