СДСМ: Мицкоски ги сведува жртвите од корона на статистика и ги злоупотребува во партиски цели

by fokus

Oд почетокот на пандемијата Мицкоски е опасен по јавното здравје, жртвите од коронавирусот ги сведува на статистика и ги злоупотребува во дневно партиски цели, реагира СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара оставки од министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев поради големиот број на смртни случаи од корона вирусот.

-Кај Мицкоски нема ниту грам сочувство за лицата заболени од коронавирусот, за семејствата на починатите од Ковид 19. Напротив, мрачниот некрофил Мицкоски ја злоупотребува нивната несреќа, организира морбидни перформанси на кои се сити на несреќата на починатите и нивните семејства. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно одмагаат наместо да помогнат во справувањето со пандемијата. Наместо на страната на јавното здравје, тие се на страната на вирусот. Заради таквиот нечесен и неодговорен однос Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости