СДСМ: Мицкоски е во целосно заложништво на Апасиев

by Fokus

Левица, со својот опасен популизам, антиНАТО и антиЕУ реторика станува се посилен фактор за загрозување на европскиот пат и напредокот на државта. Левица, која израсна од движења за социјална правда и еднаквост, во борба за гласови, комплетно го смени правецот и стана опасна десница, која на граѓаните се обидува да им продаде евтин популизам, обвинуваат денеска од СДСМ.

-Опасноста за иднината на сегашните и идните генерации е што Апасиев во целосно заложништво го зема Мицкоски, кој се докажа како слаб политичар без став и визија и идеолошки обезличеното ВМРО-ДПМНЕ.
Пироманите од Левица, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво сакаат државата да ја вратат во неизвеснот и изолација, со внатрешни поделби на граѓаните.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат иднината на државата да биде загрозена од лажната Левица и нивниот заложник, велат од СДСМ.

Поврзани новости