Британски разузнавачи: Се намалува поддршката на Русите за војната во Украина

by Fokus

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај наведува дека во Русија опаѓа поддршката за војната во Украина.

Извештајот се повикува на руски независен медиум, кој имал увид во резултатите од анкетата на руската Федерална служба за заштита, изготвена за интерна употреба, 55 проценти од Русите преферираат мировни преговори со Украина, а само 25 отсто поддржуваат продолжување на конфликтот.

И покрај обидите на руските власти да ја задржат контролата врз информациската средина, конфликтот во Украина стана проблематичен за голем број Руси од септември оваа година, кога беше прогласена делумна мобилизација, се наведува во извештајот.

Поврзани новости