СДСМ: Мицкоски да не чека, веднаш нека даде оставка

by Фокус

Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата, побараа од СДСМ, откако Мицкоски денеска изјави дека ќе се повлече од политиката ако еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ поддржи промена на Уставот.

„Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба“, стои во реакцијата од СДСМ.

Владејачката партија смета дека барањата за референдум на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со, како што велат, крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт.

„Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“, потенцираат од партијата.

Поврзани новости