Брнабиќ го обвини Брисел за лицемерие: Зошто нема заедница на српски општини на Косово?

by Фокус

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одговарајќи на изјавата на Европската служба за надворешни работи во која ги повикува лидерите на Белград и Приштина да се воздржат од запалива реторика, побара од Брисел „да престане со лицемерието“. Таа оцени дека ЕУ не го направи својот дел во спроведувањето на Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српските општини.

-Доколку ЕУ го стореше својот дел – го обезбеди спроведувањето на Бриселскиот договор и ги гарантираше основните човекови права на Србите во Косово – работите денес ќе изгледаа многу поинаку. Затоа, ве молам престанете со лицемерието – порача Брнабиќ во објава на Твитер, потсетувајќи дека се наближува 10-годишнината од потпишувањето на Бриселскиот договор.

Брнабиќ изјави дека „175 дена Албин Курти провоцирал вооружен конфликт со Србите“ и дека „во година која ќе остане запаметена како година во која Курти ги лишил истите Срби на Косово и Метохија од нивните најосновни човекови права – со забрана за гласање“.

-Дури и самата ЕУ признава дека не може да го принуди Курти да формира Заедница на српски општини – столбот на Бриселскиот договор – вели таа.

Поврзани новости