По посетата на Пелоси, и американски пратеници пристигнаа на Тајван

by Фокус 15:24
15:24

Делегација американски пратеници денеска пристигна во Тајван.

Ова следува 12 дена по посетата на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која предизвика незадоволство на Кина.

Петчлената делегација ја предводи демократскиот сенатор Ед Марки од Масачусетс и престојува во Тајван во рамки на посетата на Азија, соопшти Американскиот институт во Тајван.

Тие ќе се сретнат со високи претставници за да разговараат за односите меѓу САД и Тајван, регионалната безбедност, трговијата, инвестициите и други прашања.

Тајвански медиуми прикажаа снимка од авион на американската влада како слетува на аеродромот Сонгшан во Тајпеј, главниот град на Тајван.

Кина одговори на посетата на Пелоси со спроведување воени вежби, испраќање проектили, воени бродови и воени авиони во морето и воздушниот простор околу Тајван.

Поврзани новости