СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Струмица

by Fokus

Мицкоски да им се извини на граѓаните за тоа што Струмица 11 години беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ, реагира владејачката СДСМ, по повикот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за протести во Струмица.

„Во отсуство на конкретни ставови, политики,  решенија, идеи, Христијан Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни. Неодговорно е својата нервоза Мицкоски да ја префрла на граѓаните. Граѓаните знаат, после 11 години порази Македонија денес победува, ниже историски успеси. Зачуван, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш. Македонија добива покана за членство во НАТО, и тоа за неколку денови, на следниот Самит на Алијансата. Обезбеден е датум за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ. Македонија е слободна и демократска во која се враќа правдата, а граѓаните и нивните потреби се во центарот на вниманието“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија во реакцијата додава дека токму Струмица е пример за европски град и општина која не сака да се врати назад.

Поврзани новости