Шекеринска: Никој досега ниту во ЕУ, ниту во НАТО не побарал кампови за бегалци

by Fokus 16:29
16:29

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека никој ниту во Европската унија, ниту во НАТО не побарал отворање бегалски кампови во Македонија.

– Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најдоговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, никој не го спомнал прашањето за справување со миграцијата. Во минатото само ни честитаа за тоа како сме помогнале, но ниту еден не излегол со инцијатива или барање за какви било кампови за бегалци. Често пати ова прашање се злоупотребуваше како можност за манипулација со емоциите на граѓаните, порача Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која информираше за усвоениот Стратешки одбранбен преглед.

Нагласи дека во овие дискусии треба да ги имаме на ум реалните состојби.

– Ова е тежок проблем за ЕУ, се трудат да најдат решние, не се обединети, но постигнаа согласност, која во никој случај не значи бегалски кампови каде било во нашиот регион, додаде таа.

Поврзани новости