Дали транзитно, дали на пропатување до Виена или не, ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски, на ден пред почетокот на предизборната кампања бил во Будимпешта, велат од СДСМ откако се појавија информации во медиумите дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, бил виден во Унгарија.
Од СДСМ прашуваат дали посетата на Мицкоски на Будимпешта била со цел да се сретне со неговиот ментор, како што велат, осудениот криминалец Никола Груевски?
„Дали во очи на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска? Дали Мицкоски од Груевски добил нови насоки за деструктивно делување преку кое ќе се обидува да ги блокира реформите, а со тоа иднината на државата? Мицкоски да не се крие зад параниочни соопштенија на неговата партија, туку да излезе пред граѓаните и да одговори“, порачаа од владејачката партија.