395
Недозволиво е министерот за финасии во заминување, Кирил Миноски, да ги задолжи граѓаните со околу 24 милиони евра повеќе од пристигнатите обврски за плаќање, без да објасни зошто, реагира со соопштение СДСМ.
Миноски, вели СДСМ побарал 16,1 милиони евра за доспеаните обврски, но ги задолжи граѓаните со 24 милиони евра повеќе.
– За само 24 дена, министерот за финансии во заминување им натовари на граѓаните нов нето-долг од речиси 40 милиони евра. Како да е малку ова, Кирил Миноски на меѓународна конференција пред неколку дена најави дека сакал да издаде нова еврообврзница – се вели во соопштението на СДСМ.