ГРОМ: Повлекувањето на „Пуч“ отвора можност за нови аболиции од Иванов

by fokus

За ГРОМ на Стевче Јакимовски, повлекувањето на обвинението за „Пуч“ од страна на СЈО не е ништо освен аболиција на Зоран Заев.

-Ги потсетуваме оние на кои се однесува оваа аболиција од страна на СЈО дека единствен, согласно Уставот и изборната волја на граѓаните на Република Македонија, кој има право да изрекува аболиции е претседателот на државата, односно во моментот Ѓорге Иванов. Ние во ГРОМ сметаме дека овој непринципиелен потег на СЈО отвора врати за нови аболиции. Тогаш критизерите на аболициите го губат секое морално право за какви било критики за можно изречени нови вакви одлуки на надлежната институција во државата, велат од ГРОМ.

Поврзани новости