СДСМ: Министри договарале списоци со сигурни гласачи

by Фокус

СДСМ објави разговори, на кои според нив, владини функционери даваат наредби како вработени во државни институции, со живеалиште во Центар, мораат да достават списоци со сигурни гласачи за ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Миле Јанкиески бара од Спиро Ристевски да достави списоци од вработени на факултетите кои живеат во општина Центар, за да потоа достават списоци со по 20 сигурни гласачи. Истиот разговор го води и Зоран Ставрески со Гордана Јанкулоска, кој ја информира дека тројца вработени во МВР не си ја исполниле задачата и не обезбедиле доволно гласачи.

Поврзани новости