363
Министерот за внатрешни работи мора да има полни ингеренции како и сите други министри согласно Законот за Влада и постигнатиот Договор во Пржино, порачаа денеска СДСМ, посочувајќи ги своите барања во рамки на актуелните меѓупартиските разговори.
СДСМ бара Законот за внатрешни работи и Законот за полиција да бидат вратени во првобитната состојба. Од партијата обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ самоволно и без опозиција во Парламентот ги донесоа законите за внатрешни работи и за полиција и отвораат теми што се затворени.
За интеграциите во МВР, која е последна точка за која партиите треба да постигнат компромис, продолжува да се преговара и вечерва во Резиденцијата на амбасадорот на САД.