440
На вечерашната трибина на СДСМ, во моментот беа објавени три снимки, кои според опозициската партија сведочат за нарачка на лични карти од владини функционери, а кои ќе послужат за изборите.
Првично, се слуша разговор, во кој според СДСМ, министерот Миле Јанакиески нарачува 300 лични карти за правење. Во вториот разговор, пак, министерката Гордана Јанкулоска е незадоволна од процесот, односно нагласува дека требало се да оди поорганизирано и незабележително, а во третиот разговор, пак, кој министерот Јанакиески го води со непознато лице, се споменува човек кој наводно им ги изработувал личните карти.