Нов разговор: Мијалков и Јанакиевски договарале кражба на избирачки материјал

by Фокус

Во вториот дел беа емитувани три снимки. Најавени како криминален филм. Јанакиевски дошол до клуч од депото во кое се избирачките списоци и му предложил на Мијалков да ги украдат ид а ги користат во изборни измами. Претходно вреките биле запечатени од ДИК.

На снимката на Јанакиевски, активист од терен му дојавува дека извадиле четири до пет од вреките, а Јанакиевски му вели на согворникот веднаш да му ги донесе во канцеларија. Партискиот активист обезбедил матаеријали за пет избирачки места.

Во другиот разговор Јанакиевски му пренесува на Миајлков за материјалите и му објаснува каде и како се чуваат гласачките материјали. Па му сугерира на Мијалков да испрати полицајци. Мијалков исплашен да не му го снимаат телефонот, му препоралува на Јанакиевски да се случнат подоцна.

На третата снимка од вторито сет Јанакиевски и Мијалков одново зборуваат за гласачки списоци на кои се гледало кој не гласал за да им одат дома и да ги натераат да излезат на гласање во наредниот круг. Јанакиевски не е задоволен затоа што имаат списоци само од четири до пет избирачки места, па одново му сугерира на Мијалков да одат во депото кај црните вреќи да ги отворат и да имаат увид кој гласал, а кој не во првиот круг од изборите.

Дури Мијалков укажува дека нови врвки за да се врзат вреките, може да издаде ДИК, за да не се забележи дека списоците се извадени.

Поврзани новости