СДСМ: Милошоски фатен во нова лага, Мицкоски не успеа да го сокрие

by Fokus

Антонијо Милошоски главен дезинформатор во ВМРО-ДПМНЕ се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи. Наместо да излезе и да одговори какви пресуди и за какви дела добил во Германија во 2004 и во 2005 година, кусо време пред да стане министер, реагираше СДСМ преку соопштение.

-Според информации, но и документи објавени јавно во повеќе медиуми, судот во градот Ахен пресудил дека Милошоски сторил кривично дело и затоа бил осуден и казнет. Сега Милошоски е фатен во нова лага. За овој голем домашен, но и меѓународен срам, тој, но и неговиот шеф Христијан Мицкоски имаат обврска да излезат пред граѓаните. Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот, се вели во соопштението.

Поврзани новости