Во Шпанија над три милиони заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата

by Fokus 09:00
09:00

Бројот на заразени со ковид-19 во Шпанија надмина 3 милиони лица од почетокот на пандемија досега. Во изминатото деноноќие регистрирани се 766 смртни случаи, што е највисока дневна бројка во текот на третиот бран од епидемијата во оваа земја.

За еден ден регистрирани се 16 402 новозаразени лица, со што вкупната бројка се искачи на 3 005 487 инфицирани со ковид-19. Додека вкупниот број на починати лица од последици на вирусот изнесува над 60 илјади.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Но, и покрај високите бројки во Шпанија опаѓа бројот на новозаразени лица. Во земјата вакцинирани се над два милиони луѓе, а 786 407 луѓе ја примија и втората доза од вакцината против ковид-19.

Поврзани новости