-Миленикот на Никола Груевски, Никола Тодоров, со кој создадоа хаос во здравството, повторно неуспешно се обидува да манипулира со лекарите и стоматолозите. Тодоров никако да разбере дека од хаосот во здравството се сноси одговорност и дека не може да се спаси со манипулации и неуспешни обиди да ги копира мерките од плтаформата на СДСМ. Најавеното зголемување на капитацијата на стоматолозите за 5 денари, односно од сегашните 35 на 40 денари е лицемерен предизборен трик на двоецот Груевски-Тодоров, реагираат од СДСМ.
Според опозициската партија, во паника од изборен пораз Груевски и Тодоров најавуваат зголемување на капитации, откако виделе дека СДСМ во платформата предвидува зголемување на капитацијата на стоматолозите.
-Груевски и Тодоров се уште немаат исплатено средства за капитација на матичните стоматолози и доктори за 4 месеци. Последната исплата е од месец август 2015 година, а веќе сме на крај на годината, обвинија од СДСМ.