ВИДЕО: Се степаа украинските пратеници

by Фокус

Во украинскиот парламент денеска се степаа пратениците, додека премиерот Арсениј Јацењук го презентирал Годишниот извештај на Владата.

Во тепачката учествувале пратениците од  партијата на премиерот, Народен фронт, од една страна и пратениците од  Блокот Солидарност на украинскиот претседател Петро Порошенко од друга страна. Во тепачката се приклучил и  претседателот на Врховната Рада, Владимир Гросман.

Тепачката почнала кога пратеник од  Блокот Солидарност му подарил букет на премиерот Јацењук и насила се обидел да го симне од говорницата. По неколку минути општа тепачка, ситуацијата се смирила и пратениците се извиниле.

Поврзани новости