СДСМ: Медиумските курири продолжуваат да шират невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ продолжува преку своите медиумски курири да шири невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните, само со една цел да ја сокрие вистината, реагира СДСМ. Од таму тврдат дека граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе на улиците во градовите ширум Македонија.

– Или Груевски или Македонија. Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Се плашат од вистината дека Македонија е на нозе против Никола Груевски и криминалната банда. Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината. ‘Курир’, ‘Република’ и ‘Радио слободна Македонија’ се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра. Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

Поврзани новости