Хелсиншки обезбедува бесплатна правна помош за граѓаните

by Фокус

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја известува јавноста дека се регистрирало како овластено здружение на граѓани за обезбедување бесплатна претходна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош. Со ова, се прошири мрежата на здруженија за давање бесплатна претходна правна помош, која е дел од проектот Пристап до правда во Македонија.

– Хелсиншкиот комитет значително ќе придонесе кон поголемо доближување на бесплатната правна помош до граѓаните на Македонија. Целта на проектот кој е координиран од ФООМ, а поддржан од Европската унија е да се унапреди и промовира правото на бесплатна правна помош и да се овозможи пристапот до правдата за граѓаните во државата, особено на оние кои што се наоѓаат во социјален ризик – наведуваат од Хелсиншки.

Во канцелариите на Хелсиншки комитет функционира и бесплатната СОС линија 0800 44 222 на која граѓаните можат да се јават секој работен ден од 09 до 17 часот, со цел да постават прашање или да добијат правна информација.

 

Поврзани новости