СДСМ маршираше низ Гостивар

by Фокус

По објавените аудио снимки во текот на денот од кои повторно се слуша како власта се пазарела за многу политички прашања и средбите со граѓаните, СДСМ организираше протестен марш. Од снимките и фотографиите се гледа дека на протестот присуствувале граѓани од различни националности кои излегле да дадат поддршка на проектот на СДСМ „Вистината за Македонија“.

sdsm gostivar

Затоа лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва напиша: Во Гостивар се испиша нова историја. Имаше голем митинг на кој беа присутни Македонци, Албанци и Турци заедно. Сите не пречекаа подеднакво. Беше прекрасно. Горд сум на нашиот народ.

„Бомбите“ на СДСМ не завршуваат. Според најавите од партијата ќе следуваат најсилните во Скопје, а нема да изостанат и други градови низ државата.

Поврзани новости