СДСМ: Македонија е најлоша земја по квалитет на живеење

by Fokus

Десетгодишното крадење на државниот буџет, растот на трошоците за живот и ниските плати ја рангираа Македонија како најлоша земја со квалитет на живеење во цела Европа според ранг-листата на Бостон консалтинг груп, реагираат од опозицискиот СДСМ.

Според нив, благодарение на промашените политики и криминалното владеење на фамилијата на власт, Македонија од почитувана и средена држава денес станала земја со најлош квалитет на живот во Европа.

– За Македонија повторно да стане добро место за живеење, во Планот за живот во Македонија предвидуваме низа на мерки со кои ќе го подобриме квалитетот на живот на сите граѓани. На крајот од секоја година, секој граѓанин ќе добие поврат на Данокот за додадена вредност во висина од 15 отсто од износот платен за ДДВ. Тоа ќе значи една плата повеќе во едно просечно четиричлено семјство. За по праведна даночна политика ќе воведеме фер и правичен даничен систем во кој сиромашните ќе плаќаат повеќе – се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека дополнително ќе ги зголемат семејните буџети преку укинување на радиодифузната такса, а трошоците за електрична енергија ќе се намалат преку враќање на евтината тарифа на струјата на два часа во работни денови и преку целиот викенд.

– Ова ќе бидат првите чекори во Планот за живот во Македонија кои ќе бидат во насока на враќање на парите кај граѓаните кои ќе резултираат со поголеми смејсни буџети и зголемена потрошувачка моќ. На овој начин ќе почнеме да го враќаме квалитетот на живеење кој и прилега на една земја кандидат за ЕУ. По промените на 11 декември ќе тргнеме Македонија од сите срамни листи и ќе го вратиме животот во Македонија. Затоа што сите, а не само некои имаат право на квалитетен живот – се наведува понатаму во соопштението.

Поврзани новости