ДОМ: Поддршка на иницијативата против загадувањето во Битола

by Fokus

Демократска обнова на Македонија дава целосна поддршка на граѓанската иницијатива против загадувањето во Битола „За нас се работи“.

Според партијата, нема дилема дека се работи за праведна борба за чист воздух и здравје, што е уставно загарантирано право.

– Како што на времето бевме први што застанавме зад борбата на Зелената коалиција во Велес против рестарт на топилницата и први јавно се спротиставивме на отворање железарница во Неготино среде лозја. Веруваме дека овие праведни барања на Битолчани повторно ќе не обединат сите, независно од политичка боја – се наведува во соопштението од ДОМ.

Од партијата тврдат дека како и за сите поголеми градови во земјава, мора да се преземат итни мерки за да се намали бројот на опасните ПМ10 честички во воздухот:

– Привремено намалување на обемот на работа на РЕК Битола, експресна набавка на филтри и друга опрема за неутрализирање на опасните испусти, сериозна контрола на малите и средни индустриски загадувачи од страна на локалните инспектори за животна средина, затворање на центарот на градот за возила што загадуваат и воведување режим пар-непар и групен превоз, како и субвенции за поеколошки горива во приватните домови – продолжува понатаму во соопштението.

 

 

Поврзани новости