СДСМ: Крвавото насилство беше поттикнато од Груевски и Иванов!

by fokus 23:09
23:09

Крвавото насилство во Парламентот е резултат на насилието на кое што изминатиот период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници и поддржувачи, реагираат вечерва од СДСМ.

-Ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Сериозно се повредени пратеници, претставници на граѓаните што е врв на нецивилизираниот однос на овие луѓе кои се подготвени да жртвуваат се, за да се обидат да избегнат одговорност. На очиглед на целата домашна и меѓународна јавност паднаа маските и режимот е разобличен до крај, се вели во соопштението од СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости