Нови десетина повредени однесени во Ургентниот Центар, два хермелини паркирани пред болницата

by Fokus

Повеќе од десетина пациенти се хоспитализирани во моментот во скопскиот Ургентен Центар, неофицијално дознава „Фокус“, а според нашите информации пред скопската клиника веќе еден час се паркирани два хермелини, кои едно по едно стигнале пред болницата. Зијадин Села е примен на скопската Клиника за неврохирургија.

Нашите извори тврдат дека дека вечерва во посета на Ургентниот центар бил и министерот за здравство Никола Тодоров. „Фокус“ се поруди да стапи во контакт со директорот на оваа скопска клиника, Реџеп Селмани, кој потврди дека кај нив на клиниката се примени околу десетина повредени, но инсистираше дека сега не може да даде изјава, затоа што е во гужва и има многу работа.

На прашањето, дали министерот бил вечерта во Ургентниот центар кратко одговори „Не знам“.

Се уште не се знаат точните причини зошто Тодоров во моментот е во посета на Ургентниот центар, дали со цел да ги посети повредените или да провери како работат вработените, кои во моментот се на клиника.

И.М.

 

 

Поврзани новости