492
Откако денеска екс премиерот Никола Груевски, преку фејсбук статус, се закани дека допрва ќе имало лов, а сегашните ловџии немало да ја имаат истата улога, реагирајќи на апсењето на Миле Јанакиески, со реакција се јавија од СДСМ.
-Осудениот криминалец Никола Груевски, очигледно незадоволен од учинокот на Христијан Мицкоски, се јави повторно, заедно се ставени во одбрана на криминалот. Правдата и одговорноста се нивните најголеми кошмари, се наведува во соопштението на СДСМ.
– Осудениот криминалец Никола Груевски го чека затворска казна и неговото столче во ќелија. Сите оние што бранат криминал, како Христијан Мицкоски, мора да знаат дека никој нема да се спаси од одговорност. Правда ќе има – се вели во соопштението.