Ниту еден од трите блокови од рударско-енергетскиот гигант РЕК „Битола“, кој обезбедува 80 од производството на струја во земјава, вчера не беше во функција.
Од опозицискиот СДСМ реагираат дека главен проблем за колапсот на комбинатот е поставувањето партиски кадри на несоодветно место и недисциплината во извршувањето на работните задачи. Од партијата обвинуваат дека на овој начин државната каса губи десетици милиони евра годишно.
-Неработењето на РЕК Битола дополнително ги чини граѓаните поради увоз на поскапа струја.Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги сотреа граѓаните со нивните штетни, криминални политики. Граѓаните плаќаат поскапа увезена струја. Затоа за време на ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе за неверојатни 100% – стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата ветуваат дека тие ќе го поттикнеле развојот на домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.