ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секогаш се спремни за гола критика

by fokus

– Користењето на работата на РЕК Битола за дневно политички поени не ви било паметен потег – реагираат од владејачката партија на обвинувањата од СДСМ, дека рударско-енергетскиот гигант е во колапс.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицијата само неосновано критикувала како надворешен набљудувач, без да понуди решение, а вложувањето на оваа власт во РЕК Битола било „големо и значајно”

– Реализирани се повеќе инвестициони вложувања, како што е модернизацијата на турбо-агрегатите и ревитализација на ТЕЦ Битола за намлување емитување на Сулфур Диоксид, направен е проект за топлификација на Битола, Новаци и Могила, нешто за што СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости