ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство, Мицкоски да одговори за средбата со Груевски и посетите на Белград и Будимпешта, реагираат од владејачката СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство. Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните: Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски? Со кого се среќавал и што правел? Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски? Дали разговорите со Груевски за „личните моменти“ „неговата иднина“ и „заедничката тема“,како што вели Мицкоски во едно интервју всушност се всушност разговори за бегството на Груевски?“ – се наведува во соопштението.
Одбраната на криминалот на Никола Груевски како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, велат од СДСМ, ги засилуваат сомнежите за тоа дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поврзани со бегство на Груевски.
Од СДСМ додаваат дека преку отворените истраги за бегството на Груевски, сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.