Груевски си ги испразнил сметките уште во септември

by Fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски уште во септември, кога во Собранието држеше прес-конференција и обвинуваше дека е жртва на политички прогон, во периодот кога Апелацискиот суд на јавна седница расправаше за неговите жалби и се очекуваше да донесе конечна одлука дали ќе оди во затвор, си ги подигнал сите пари што ги имал на сметките.

Иако информацијата за подигањето е неофицијална, од Специјалното јавно обвинителство официјално потврдија дека нема што да замрзнат бидејќи Груевски во моментов нема пари и имот на свое име, а неговите банкарски сметки се на нула, пишува Независен.

Според анкетниот лист на Груевски како пратеник, тогаш тој пријавил трансакциски и девизни сметки, девизни депозити, една кредитна картичка и 33 уметнички слики. На име на неговата сопруга има пријавено една девизна и една денарска сметка.

Поврзани новости