СДСМ: Кој и зошто го следи Заев?

by Фокус

Текстот објавен во дневниот весник „Дневник“, со наслов „Зошто Заев оди пеш за Грција наместо со автомобилот од 80.000 евра?“, потпишан од главниот и одговорен уредник, Дарко Јаневски, отвора сериозни прашања кои бараат прецизни и јасни одговори, регира денеска СДСМ.

„Како е можно информации за слободното движење на граѓанин на Република Македонија, кои се директна повреда на правото на приватност, да бидат објавени во дневен весник? По објавените информации во „Дневник“, кои исклучиво можат да бидат добиени од институција која што го следи движењето преку граничните премини, односно МВР, недвосмислено се покажува дека некој го следи претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Кој и зошто го следи Зоран Заев? Со чиj налог и каква цел? Дали Зоран Заев е под постојан мониторинг, каде и да оди? Кој и по чиј налог го мониторира слободното движење на граѓаните на Република Македонија и на колку други граѓани на овој начин им се мониторира слободното движење? Очекуваме одговори од „Дневник“ и Министерството за внатрешни работи“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Поврзани новости