Заев: Ако на Груевски му беше важна правдата ќе бараше 1 евро!

by fokus 14:04
14:04

-Ова е одлична можност да се докаже владеење на правото. И покрај се, очекувам фер судење, истакна Заев.

Тој додаде дека на наредните рочишта очекува да се појави и тужителот Груевски, бидејќи како што рече, тоа му е етичка обврска.

- Advertising -

-Не сум правник за да кажам дали тужителот треба да се појави во судница или не, но сигурно е дека тоа е негова етичка обврска, рече Заев.

Тој ја искоментира и висината на оштетата, од половина милион евра, што од него ја бара премиерот.

-Да му беше важна правдата тој ќе бараше 1 евро, а не толку голема сума. На јавноста и оставам да нагодува зошто од мене бара половина милион евра. Јас верувам дека сум невин, а веќе и малите деца знаат дека на снимката е гласот на Груевски, заклучи Заев.

Премиерот Груевски го тужи Заев заради изречените обвинувања дека тој ја договорил криминалната продажба на „Македонска банка“.

 

Поврзани новости