СДСМ: Кога Груевски сака да го одвлече вниманието организира контра-протести

by Фокус

-Организирањето на контра-протести е метод на Никола Груевски кој граѓаните го препознаваат. Кога на Груевски му е потребно одвлекување на вниманието на јавноста од незадоволството кај граѓаните поради неговото криминално владеење секогаш организира контра-протести. Дури, под диктат и нарачка на Груевски се случи да протестираат и автобуси, пишува во соопштението на СДСМ по повод најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека на 18 мај ќе организира голем собир.

Од СДСМ велат дека откако на Груевски му станало јасно дека неговото заминување граѓаните го гледаат како приоритет  за иднината на Македонија, тој се обидувал со разни сценарија и провокации да ги сврти граѓаните едни против други.

-Во секоја минимум демократска држава граѓаните имаат легитимно право да го изразат своето незадоволство од власта. Но, недемократската матрица на Никола Груевски и немањето капацитет да ја разбере суштината на поимите демократија, слобода, право на слободно изразување и право на слободен говор, се обидува да ги конфронтира граѓаните едни со други, се вели во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија ги повика граѓаните да не наседнуваат на „манипулациите на Никола Груевски и на тој начин да му покажат дека целосно е прочитан и неговото црно сценарио нема да успее.“ Велат дека на 17 мај, граѓаните решително, мирно, достоинствено и масовно ќе му ја испратат пораката на Груевски дека мора да си замине.

 

Поврзани новости