СДСМ: Ќе воведеме социјална пензија за сите што немаат доволно стаж

by fokus

Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица, Оливер Спасовски на митингот во Куманово зборуваше за менаџирањето на државата со пензискиот фонд.

Спасовски посочи дека власта манипулира со пензионерите дека ги покачува пензиите, кога всушност станува збор за годишно порамнување со трошоците за живот. Тука тој најави дека СДСМ по изборите ќе воведе социјална пензија за секој што нема доволно работен стаж.

-Се залагаме за консолидирање на пензискиот фонд, за реално зголемување на пензијата секоја година врз основа на трошоците за живот и да имаат достоинствен пензионерски живот. Најавувам нова мерка, воведување на државна социјална пензија за секој граѓанин кој нема доволно работен стаж, односно нема 15 години работен стаж. Таа пензија би изнесувала 70 проценти од просечната пензија во Македонија. Секој граѓанин да има можност достоинствено да живее – порача Спасовски.

Тој најави и гасификација на Куманово, решавање на проблемот со водоснабдувањето и со дивите депонии.

Поврзани новости