Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска најави низа мерки кои се дел партиската програма, а се однесуваат на намалување на загадувањето на воздухот.
-По промените на 11 декември, ќе го вратиме зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторното и урбанистичкото планирање. Гасификацијата на Скопје е наш стратешки проект, со тоа ќе се намали и загадувањето на воздухот, затоа што голем дел од домаќинствата ќе се префрлат да се грејат на гас. Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан. Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Во индустријата, ќе обезбедиме нови поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии за производство и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувањето на воздухот, изјави Дамјан Манчевски.
Но, како што рече тој, прв и најважен чекор за намалување на загадувањето била смената на власта.