Петмина членови од Беса преминаа во Движењето за реформи на ДПА

by fokus 15:54
15:54

Петмина членови на Беса денеска преминале во Движењето за реформи на ДПА. Ова на пресконфернција го соопштија од Движењето за реформи на ДПА.

-Се работи за четири потпретседатели на подоограноци на Општина Тетово и еден член на претседателството на огранокот на Тетово, изјави Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи на ДПА.

- Advertisements -

Ферати додаде дека се надева дека пред изборите и „Беса“ ќе се приклучи на предизборната коалиција која се формира минатата недела, составена од неговата партија, НДП и Унитети.

Поврзани новости