СДСМ ќе пристапи кон алтернативни начини ако утре не се договори владата

by Фокус

-Доколку утре со помош на пријателите од Европската Унија и САД не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели, најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со пратеникот во Парламентот на Р.Франција, Филип Диран, придружуван од француската амбадорка Лоренс Оер.

Теми на средбата биле шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми и закочените евро-атлатски процеси.

На средбата посебна загриженост била изразена за проблематичниот избирачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавен обвинител, на обвинителот за организиран криминал и на судството по директиви на актуелната власт.

Поврзани новости